Quantcast
Channel: убиена –Е Вести
Viewing all articles
Browse latest Browse all 8

Убиена жена, синот тргнал во одмазда, па и тој настрадал

$
0
0

Вчера во периодот од 8 до 9.30 часот во с. Барбарово, Струмичко, на патот во близина на училиштето, непознат сторител извршил убиство над З.А. (73) од истото село, нанесувајќи ѝ повреди со тврд предмет во пределот на главата.

Телото на З.А. го пронашла нејзината внука, која го известила својот татко – Т.А. (син на З.А.). Истиот, кога видел дека мајка му е мртва, се посомневал дека е убиена од соселанецот  А. А. (65).

Веднаш отишол во неговиот дом, зел стап и влегол во просторијата во која бил А.А. и започнале расправија која преминала во тепачка. Во тепачката Т.А. со стапот му нанел повеќе повреди на А.А. во пределот на телото и главата, а А.А. со нож му нанел три убодни рани на Т.А.

По добиената пријава за случувањето, на местото на настанот излегле и увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Во домот и помошните простории на А.А. бил извршен претрес, при што се пронајдени дрво со кое истиот го извршил кривичното дело, како и два мали ножа на преклоп со кои е повреден Т.А., кои се подигнати и дадени за вештачење.

А.А. е лишен од слобода и е задржан во ПС Струмица. По целосно документирање на настанот против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 8

Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ

Trending Articles





Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ